Серија на незаконски дејанија предизвикани од владеењето на Никола Груевски беа наброени од поранешниот битолски градоначалник, Силјан Мицевски.
Бизнисменот Мицевски, кој неодамна сведочеше за работењето на невладината организација на Бојан Јовановски, денеска повторно во својство на сведок се појави во скопскиот кривичен суд, но сега како сведок во предметот наречен „Талир“, односно за незаконското финансирање на ВРМО-ДПМНЕ.
Мицевски ќе потврди дека лично тој му однел на Груевски 10.000 евра, а имало и други „донации“ кои, главно се давале за избори, но и за котизација која што требало да ја уплати кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје“, а за што тој дал уште 70.000 евра.
Но, и покрај тоа што имало вакви улати или давања пари во готовина, она што е шокантно е дека извршната власт, предводена од Никола Груевски му давала напаствија кого треба да вклучи во работите,
„По наредба на премиерот Груевски или на генералниот секретар на Владата, се случувало да ми кажат: Земете го тој и тој подизведувач!
Ми кажаа, на пример, да го вклучам ‘Трансмет’ за ископ во РЕК Битола,“ посведочи Мицевски и потврди дека наредби добивал од Кирил Божиновски и од Влатко Чинговски, кој во тоа време ја изврѓуваше функцијата директор на ЕЛЕМ, но и од други луѓе кој доаѓале кај него, иако многу од нив не ги ни познавал. Мицевски ќе посведочи дека барања за спонзорства и плаќања имало и во самата Влада, но и во РЕК „Битола“, односно кај тогашниот генерален директор.
За незаконското финансираер на ВМРО-ДПМНЕ им се суди на Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, а Илија Димовски се товари за перење пари. Меѓу обвинетите за злоупотреба на службената положба и овластување и за перење пари и други приноси од казниво дело е и самиот Груевски. Нему од крајот на октомври 2018 година, а по неговото бегство во Будимпешта, му е изречена и мерка притвор.
Поради опасност од махинации, односно поради опасност од продажби, партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и уште 68 други партиски објекти, со одлука на судот, се замрзанати.