Извршен увид во дом во Гостивар каде беше убиена жена

245

Обезбедување и прибирање на траги од самото место заради натамошно вештачење, обдукција на телото на починатата, се дел од наредбите издени по увид кој утрово го изврши Јавен обвинител, во дом во Гостивар, каде беше убиена жена на возраст од 60 години.

Како што официјално потврдуваат од обвинителствто немилиот настан бил пријавен денес, во седум часот, од синот на жртвата и според нив, како осомничен сде води сопругот на починатата. Станува збор за маж, на возраст од 67 години кој подолго време имал нарушени односи со својата сопруга. Според првичните сознанија на обвинителството тој со секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото.

Она што, исто така, е извесно е дека сомничениот за убиството е во бегство и декс органите на прогомнот трагаат по него.​

Спонзорирано