ГОСТИВАРЕЦ ОБВИНЕТ ЗА НАСИЛСТВО​

701

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави обвинителен предлог против 25-годишен гостиварец заради сторено кривично дело. Сега обвинетиот на 31. јануари оваа година, му ја загрозил сигурноста на оштетениот со грубо насилство. Имено, тој му се јавил на сега оштетениот и го повикал да се сретнат кај игралиште во населбата Малеарди, а кога овој пристигнал бил нападнат со клоци и тупаници. Откако го претепал тој го внел оштетениот во своето возило и додека се движел по патот, постојано го удирајќи, заканувајќи се дека ќе го однесе в шума каде ќе го тепа со дрво и метална прачка. Но, по пат тие биле пресретнати од таткото на сега обвинетиот, кој иако му се спртиставил на синот, тој сепак продолжил да го удира оштетениот, кој во еден момент искористил невнимание на насилникот и успеал да побегне.

Спонзорирано