ВРХОВЕН СУД ЈА ПОТВРДИ ПРЕСУДАТА ЗА МИТКО ЧАВКОВ

722

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја потврди пресудата за поранешниот министер МиткоЧавков, кој неправосилно беше осуден на 18 години затвор, а којашто казна Апелациноиот суд во Скопје му ја намали на 16 години затвор. Одлуката на Врховниот суд доаѓа по барање на осудениот за вонредно преиспитување на пресуда и истата е донесена денеска.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 26.04.2023 година, продолжена на ден 03.05.2023 година, одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „27 април“. Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп.Кок2. КВП бр.14/22 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.40/18 од 15.03.2019 година и на пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ.бр.39/19 од 12.02.2021 година, ги одби како неосновани.
Пресудата на Врховниот суд се однесува на Митко Чавков, односно на неговата инволвираност во насаните од 27. април 2017 година. Чавков, од скопскиот кривичен суд беше осуден на 18 години затвор, но во февруари 2021 година, скопска Апелација му ја намали казната за две години.

Спонзорирано