АПРИЛСКИ СЕЌАВАЊА ЗА „МПМ“

1016

Поминаа шест години од поведување на кривична истрага за менаџментот на „Медиа Принт Македонија“ и една година откако Обвинителството се пофали дека ја завршил истргата, но обвинение нема за лик кој и натаму се прикажува како „професор доктор“ и „академик“ и за „соработникот на правдата“! Битно е само дека се’ се случува во април

 

Љубиша Станковиќ

Пред точно една година Јавното обвинителство, веројатно со намера да пофали, кажа дека ја комплетирала истрага за случајот „Медиа Принт Македонија“ и дека предметот од Обвинителствто за гонење на организиран криминал му бил предаден на скопското Обвинителство. Тоа беше во април минатата година, а оттогаш до овој април нема ниту глас за случајот во кој како главно осомничени се водат Срѓан Керим и Јордан Орце Камчев.
Првиот, освен криумчарење на шише со 750.000 евра и со финанските дубиози за време додека шефуваше со македонската амбасада во Берлин, познат е по тоа што малку пред да ги уништи безмалку сите печатени медиуми се залагаше за некаква, наводна, слобода за медимуите. Истиот тој Срѓан Керим, токму во април, (и тоа на денешен ден) во 2017 година ги укина дневните весници „Утрински весник“ и „Вест“ и неделникот „Теа Модерна“. Вториот лик, кој се одзива и на името Орце Камчев, е приказна за себе. Камчев, во април пред две години ( и чинам повторно на денешен ден), им пиша на сите министри за надворешни работи на земјите членки на Советот на Европа за неговата состојба поврзана со криминалите за кои малку беше во притвор, а малку му се судеше. Овој април, истиот тој Камчев, поднел апликација до судот во Стразбур. Сега Камчев има примедба и поради добиениот третман во случајот наречен „Плацеви на Водно“?!
Од што не е задоволен Орце Камчев не ми е познато, но мисам дека откако Јавното обвинителство му даде статус на „соработник на правдата“ како малку да се окуражи. А и не гледам причина зошто не би се охрабрил кога 500 поранешни вработени во „МПМ“, цели шест (6) години чекаат тој да се појави во судница и да одговара за стореното, но Јавното обвинителство, и после шест години, се’ уште нема обвинине за него.
Секоја чест за Обвинителството!

Шест години од поднесена кривична пријава, предмет кој се „шутка“ од скопско преку СЈО до Организиран криминал и повторно до скопското Обвинителство и – ништо! Битно е само предметите да застаруваат
Претпоставувам дека американската амбасадорка не испратила писмо до Јавното обвинителство и затоа е такво нивното однесување?!
А кога сме кај писмата на амбасадорката Агелер морам да ја пофалам скопска Апелација. Таму стигнало писмо судиите го прочитале, го разбрале и ги прифатиле сугестиите. Секоја чест!
Е сега, дали испраќање на ваков вид на писма е во ред или не треба да си размислат и оние кои ги примиле, а не ги пријавиле, но и оние кои се’ уште немаат добиено ништо на нивна адреса….Ете, потпретседателот на Судскиот совет на РСМ тврди дека такво писмо стигнало и кај нив, ама дека претседателката Весна Дамева го криела од нив. Таа, на ваквите обвинувања одговори дека примила писмо, ама не го објавила, бидејќи била на одмор?!
Цела среќа што жената била само на краток одмор, бидејќи можеше да се случи за писмото да слушнема догодина – во април!
Инаку, Дамева го оспори нејзиното разрешување од местото претседател на Судскиот Совет. Жената тврди дека за нејзино разрешување гласале само седуммина члеови на Советот, а за полноправна одлука биле потребни осум гласа. Не сакам да верувам дека Дамева не гласала за себе, оти кој не е за себе, не е ни за другите!

П.С.

Обвинителката Ленче Ристоска за Советот на јавни обвинители вели дека е извор на тргување со влијание. Бадијала критиката! Јас години наназад пишувам и зборувам дека таму многу нешта не чинат, ама кога сите си молчат не гледам зошто има потреба да се повторувам

Спонзорирано