ОБВИНЕНИЕ ЗА ТЕТОВСКИОТ АНЕСТЕЗИОЛОГ

610

Основното јавно обвинителство Тетово до тамошниот суд поднесе обвинителен предлог за лекар-анестезиолог поради сторени кривични дела: несовесно работење во службата од член 353-в став 2 во врска со став 1, како и неовластено снимање според член 152 став 2 од Кривичниот законик.
„Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице-анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 овој месец неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права“, се вели во соопштението на Обвинителството. Оттаму и информација дека до Основниот суд во Тетово е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​
Инаку, освен судски процес, на анестезиологот најверојано на подолг период ќе му биде одземена и лиценцата за работа.

Спонзорирано