СКАНДАЛ: Претставка за 213 судии (2): СУДИИТЕ МОЛЧАТ ЗА ПОПЛАКИТЕ ПРОТИВ НИВ ВО ВЛАДАТА И ВО АМБАСАДАТА НА САД

18563

И по десет дена од поднесувањето на претставката никој, па дури ни претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, судијата Киро Здравев, не се произнел по неа, иако неговото име ја отвора листата со 213 имиња на судии

 

Љубиша Станковиќ

 

Ниту еден од 213-те судии за кои скопскиот бизнисмен Горанчо Новаковски поднесе претставка до Судскиот совет, а како своевиден „вовед“ во поднесување и на кривични пријави, се уште се нема произнесено за овој скандал.
Имено, и по цели 10 дена од денот кога беше поднесена претставката, никој, па дури ни претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, судијата Киро Здравев, не се произнел, иако токму името на Здравев ја отвора листата со 213 имиња на судии.
Нема дилеми дека „Правосудство“ ќе инсистира на мислењето на судијата Здравев, но од него, засега не бараме одговор, бидејќи тој, како претседател на Судскиот совет треба да излезе со свој и со став на Судскиот совет, но ќе треба и да одговори по прашање за донесено судско решение, во предмет, каде тој постапувал како судија на Врховниот суд и претседател на совет. Имено, намера ни е да не вршиме притисок врз работата на судијата Здравев и на Судскиот совет, но кога ќе има официјален став тој ќе биде пренесен во целост. А додека да пристигне одговорот потсетуваме дека на листата со 213 имиња, освен името на Киро Здравев, како „пријавени“ можат да се сретнат и имињата на судиите: Николчо Николовски, Емилија Илиевска, сопруга на екс-обвинителот Јован Илиевски, Џемаили Саити, актуелен претседател на Здружението на судии, Љубинка Муратовска – Маркова, сега пензионираниот претседател на Врховниот суд, судијата Дане Илиев, поранешниот претседател на скопскиот граѓански суд, судијата Бекир Исени, судиите од скопска „единица“: Драган Николовски и Марјан Грубиша, поранешната пратеничка Благородна Дулиќ и уште многу други.
„На листата, односно на преставката се имињата на сите судии кои постапувале во мојот предмет, за кој, ист суд носи две контрадикторни одлуки. Очекувам Судскиот совет да одлучи по оваа моја иницијатива и предметот да биде затворен“, вели Горанчо Новаковски и најавува слична претставка, но овој пат, со имиња на јавни обвинители.
Една ваква иницијатива, каква што е оваа на Новаковски, е во духот на највениот ветинг, а на што инсистираше претходната политичка влада, која беше на функцијата до трети овој месец. Имено, владата се заложи за ветинг во правосудството, поради тоа што се увиде дека, покрај реформските закони, е неопходна и кадровска, реформа во судството и во обвинителството.
Како и да е битката којашто допрва претстои, најверојатно ќе биде бескомпромисна, но уште сега може да се насети дека ќе има судии кои ќе мора да си заминат од сегашните функции. 
Иако за многумина поднесувањето на претставка за стотици судии е несекојдневен чин, сепак, мотивот на нашиот соговорник да го направи тоа треба да се бара во неефиксното судство, но и претрпената финанската загуба во висина од 72.873.588 денари или безмалку за 1,2 милиони евра, колку што се инвестирани за купување на фирма којашто западнала во долгови и за која билс отворена стечајна постапка.
За волја на вистината, штетата дополнително ќе треба да се утврдува и таа може да биде неколкукратно поголема, бидејќи таа ќе настапи оној момент кога купопродажниот договор, ( којшто бил склучен на седми јуни 2006 година ), помеѓу сега тужените Земјоделска задруга „Слобода“ со ограничена одговорност увоз – извоз Зелеников, како правен следбеник на ЗЗ „Слобода“ во стечај и ДТУ „Национал“, ќе биде прогласен за ништавен.
Ништавноста, според судот, доаѓа само поради тоа што договорот со фирма во стечај бил склучен во непосредна спогодба, но кога ќе малку подлабоко ќе се чепне во случајот лесно може да се заклучи дека се работи за игра во која влог не се само објектите и машините на пропаднатата и купената фирма, туку стотиците хектари обработливо земјшите, во атарот на скопско Зелениково. Имено, се работи за земјоделско земјиште со површина од повеќе од 450 хектари.

За да не го оптоваруваме непотребно овој текст, само ќе кажеме дека, во мај 2012 година, скопска Апелација донаса пресуда со која жалбата на тужителот, односно на државата, ќе биде одбиена како неоснована и со тоа ќе ја потврди одлуката којашто, во декември 2009. година, ја донел Основниот суд Скопје 2 – Скопје, но Врховниот суд ќе донесе решение со ќе се дозволат ревизии и со кое ќе се укине пресудата на Апелациониот суд во Скопје и предметот ќе биде вратен на повторно одлучување. Истиот суд, во јули 2013 година, ќе донесе и пресуда со која делумно ќе биде усвоена ревизијата, тужбеното барање на државата ќе биде усвоено, а купопродажниот договор за „делумно ништовен“.

( Продолжува )

Спонзорирано