По пријава за семејно насилство се бара притвор за Емил Јакимовски

    1042

    Скопското јавно обвинителство, од Судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд, бара изрекување на мерка притвор за лицето Емил Јакимовски кој вчера, по пријава за сторено семејно нмасилство, беше приведен.
    Според обвинителството поведена е постапка „против едно лице за сторени кривични дела: загрозување на сигурноста од член 144 став 2 , при вршење семејно насилство, загрозување на сигурноста од член 144 став 4 , по пат на информатички систем, како и неизвршување на судска одлука од член 377 став 5“. Најновата пријава поднесена против Јакимовски доаѓа по заканите кои тој, преку социјалните мрежи, им ги упати на неколку новинарки, на вработени во Централниот регистар, меѓу кои и директорката Марија Јанковска-Бошковски. Јакимовски се сомничи дека стои зад хакираењето на фејсбук страницата на Централниот регистар.

    Спонзорирано