СИЛВИЈА СТОЈАНОВСКА ОСЛОБОДЕНА ОД ВИНА ЗА ШВЕРЦ НА 700 КИЛОГРАМИ КОКАИН

316

Судечки совет на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, со кој раководи судијата Огнен Ставрев, на повтореното судење на актерката Силвија Стојановска, обвинета за шверц на 698,758 килограми кокаин, донесе пресуда со која таа се ослободува од обвинение.
Ваквиот пресврт во овој процес доаѓа откако судот, по повторното разгледување на доказите, дошол до констатација дека Јавното обвинителство не успеало да докаже дека Стојановска го сторила делото за коишто таа се твареше, а покрај тоа што нејзниот сега веќе поранешен сопруг е осуден на седум години затвор.
Новото, односно повтореното судење на Стојановска дојде откако скопскиот Апелационен суд ја укината првостепената пресуда со која таа беше осудена на 3,6 години затвор и нареди ново судење. Истиот суд, ја преиначи и одлуката за партнерот на Силјановска, обвинетиот Војислав Будисавњевиќ и наместо седум му изрече затворска казна во траење од 12 години.
Силвија Стојановска беше уапсена во 2019. година, во полициска акција наречена „Колибри“. Таа, Војислав Будисављевиќ и уште тројца шпански државјани беа обвинети за шверц на безмалку 700 килограми кокаин, прокриумчсре од Колубија и кој требало да биде складиштен во Мадрид, Шпанија.
Обвинителството тврдеше дека групата комуницирала со примена на енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали и дека користеле уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки -инхибитор (PROTECT 1207i)“, но Стојановска и Будисављевиќ уште на стартот на првиот процес кажаа дека не чувствуваат вина.
Инаку, Војислав Будисављевиќ уште во 2009 година, во предметот наречен „Мадам Пепи“, во отсуство беше осуден на 3,6 години затвор. Тој, во 2014 беше екстрадиран во земјава, но никој од надлежните не информираше дали нему му беше дозволено повторување на судската постапка во која тој се товареше за достава на 1.910 грама кокаинска паста, спакувана во пратки од 620, 705 и 585 грама, а по пошта испратен од од извесна Медлин Гуевара Макахуачи, од Перу.

Спонзорирано