ДВЕ ЛИЦА ОБВИНЕТИ ЗА ИЗМАМИ И ЗЛОУПОТРЕБИ ПРИ РЕГИСТРАЦИЈА НА АВТОМОБИЛИ

526

Две лица се обвинети за измами и злоупотреба на службената положба при увоз и регистрција на автомобили.
Како што инфомираат од скиоското Основно обвинителство првообвинетиот, на 16. јуни минатата година, со лична карта која гласела на туѓо име, со рент а кар агенција од Белград, Србија, склучил договор за наем на автомобил „Mercedes benz s 300 bluetec hybrid“. Сега обвинетиот лажно прикажал дека планирал возилото да го врати за еден месец, иако немал намера да го изнајми, туку да го одземе и за друг да прибави противправна имотна корист. Имено, автомобилот преку Косово и Македонија, го однел на непозната локација во Бугарија, но веќе на 10. следниот месец, возилото со променет идентификационен број, повторно се појавило во земјава кога во станица за технички преглед биле доставени документи за негова регистрација.
„Вториот обвинет, во својство на службено лице -референт за управни работи на Одделение за управни работи – Скопје при МВР, поттикнат со умисла од лице кое до овој момент е недостапно на органите на прогонот, овозможил регистрација на возилото врз основа на некомплетна и лажна документација. Тој веднаш изготвил сообраќајна дозвола и издал регистарски таблици за возилото без да ги провери потеклото и сопственоста, вистинитоста на документите за увозно царинење и записите за техничка исправност на автомобилот, како и без да побара и обезбеди потврда од системот на Интерпол дали возилото е предмет на потрага. Со ова обвинетиот на поттикнувачот му обезбедил противправно да се стекне со значителна имотна корист во проценета вредност од 49.850 евра“, велат од Обвинителството од кафр и информација дека истиот службеник, поттикнат од второобвинетио и од лицето коешто се води како недостапно да органите на прогонот, од август 2020 година до крајот на јуни минатата година, во уште шест наврати овозможил регистрација на вредни автомобили во земјава. Станува збор за регистрација на возила од марките: „Fiat 500 Abarth“, „Renault Megane 1.6 GT“, „BMW“ X5 XDrive 30D, „Mercedes Benz“ GLE 350D 4Matic, „Toyota“ RAV4 и „Porshe Cayenne“ Diesel. Заради потребите при регистрација на возилата била користена фалсификувана документација, односно дека тие биле набавени во странство. Инаку, по извршената регистрација автомобилите им биле препродавани на трети лица, со што била остварена имотна корист во висина од 218.368 евра.
Според Обвинителството, првообвинетиот се товари за измама и за фалсификување исправа, а регерентот за продолжено кривично дело: злоупотреба на службена положба и овластување, додека затретото лице постапката е прекината се’ до негово пронаоѓање и лишување од слобода.​

 

Спонзорирано