Германец и Италијанка, со потекло од Гана, обвинети за шверц на мигранти

    673

    Еден германски и една италијанска државајнка, а двајцата со потекло од Република Гана, од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се товарат дека, како соизвршители, сториле кривично дело: криумчарење на мигранти.
    Според обвиннието коешто веќе е дистрибуирано до скопскиот кривичен суд сега обвинетите, од користољубие, а по претходен договор илегално пренесувале мигранти преку нашата државна граница. Така, на петти овој месец, обвинетите со намера илегално да пренесат тројца мигранти, со автомобил, со германски регистарски таблички, се упатиле кон соседна Грција. Заради непречено поминување тие за мигрантите обезбедиле лични карти од Европска унија. На граничниот премин „Богородица“ при контрола од полициски службеник мигрантите се легитимирале со холандска, шведска и германска лична карта. Мигрантите кои, исто така, се со потекло од Гана, платиле вкупно 500 евра за патни трошоци, а според договорот остатокот од по 1.000 евра од лице требало да го исплатат по пристигнување на крајната дестинација, односно во Австрија.
    Инаку, сега обвинетите се на издржување на мерката притвор, а нивното судење ќе треба да започне за кратко време.

    Спонзорирано