ДВЕ ЛИЦА ОБВИНЕТИ ЗА ФАЛСИФИКАТ ПРИ РЕГИСТРАЦИЈА НА ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

    921

    Злопотребени потписи заради наводна регистрација на синдикална организација, како и неодржано основачко собрание, а со список на присутни се делата за кои кривично ќе одговараат две лица.
    Имено, за 42-гогишен велешанец и за 46 годиден битолчанец е поднесен обвинителен предлог според кој првиот се товари за кривично дело: посебни случаи на фалсификување исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина согласно, а вториот се товари дека за помогање при употреба на лажната исправа.
    „На 6. март, во простории на СВР Велес, првообвинетиот 42-годишен велешанец измамил две лица, наведувајќи ги да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш се уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија. Ваквите исправи, со помош на вториот обвинет 46-годишник од Битола, првообвинетиот ги искористил за упис и регистрација на синдикалната организација“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство, а во кое е наведено и тоа дека кон барањето за регистрација на синдикатот биле приложени записници од наводно одржано основачко собрание на Синдикат на полиција во Македонија со список на присутни, иако такво основачко собрание воопшто не било одржано.​

     

    Спонзорирано