Христијан Мицковски нема да биде гонет за случајот „Теретана“

867

Скопското обвинителство нема да постапува во случајот познат како „Теретана“, кој се однесува на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицковски! Обвинителството, по извршени детални проверки, констатирало дека Мицковски го нема на снимките од камерите во фитнес-центарот.

Христијан Мицковски беше јавно осуден поради неговото постапување кое беше во спротивност со здравствените протоколи, но снимките од камерите и исказите на очевидците на настанот не го потврдија тоа што можеше да се види од една објавена фотографија.

Како што објаснуваат од Обвинителството предмет на анализа бил сиот материјал кој што бил обезбеден од скопската полиција, но на снимките не можело да се забележат „ниту посочените, ниту други лица“, а била прибавена и документацијата од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР кои спровеле постапка во однос на наводите за присуство на полициски службеници во фитнес центарот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата.

По проучување и анализа на целокупниот материјал, јавниот обвинител утврди дека во конкретниот случај не постои основано сомневање дека е извршено кривично дело кое се гони по службена должност.​

Спонзорирано