Истрага за скопјанец поради поседување оружје и хероин

208

Скопјанец, на возраст од 24 години, чиј идентитет скопското обвинителство не го соопштува, е осомничено за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
За лицето, за кое ништо не се соопштува од обвинителството информираат дека април и на почетокот на мај оваа годинава, во импровизирани бункери од пластични цевки, закопани во земја, во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“, неовластено чувал големо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин.
Оттаму со информација дека на неколку различни локации биле пронајдени автоматска пушка 70 F 6699 со пластичен кундак и калибар 7,62 милиметри и 27 куршуми, полуавтоамтска снајперска пушка со калибар 7,9 мм., автоматско оружје со навој за пригушувач со калибар 7,65 мм. на кое биле залепени две рамки со 34 куршуми, два придушувачи, три автоматски и една полуавтоматска пушка кои биле завиткани во крпи, како и уште 38 куршуми. Во пластично буре била пронајден хероин со вкупна нето количина од 2,362 килограми, спакувана во пет полиетиленски пакувања.

Спонзорирано