ВРХОВЕН СУД: Јово Вангеловски повеќе не е судија

2644

Жалбениот совет на Врховниот суд на Република Северна Македонија на вчера одржана седница расправал по жалбата на Јово Вангеловски, сега веќе поранешен претседател на споменатиот суд, откако на 23. септември минатата година Судскиот совет на РСМ донесе одлука за негово времено оддалечување од вршење на судиска функција и функција Претседател на суд.
На седницата, жалбениот совет донел одлука со која што жалбата е отфрлена како неоснована и само е потврдено решението на Судскиот совет.
Донесената одлука подразбира дека Вангеловски веќе никогаш не ќе може да работи како судија, но истата доаѓа само неколку дена по објавените аудио снимки на кои може да се слушнат скандалозни разговори помеѓу него и поранешниот пратеник Антонијо Милошоски каде тој прифаќа непосредно да интервенира во предмет кој се однесува на таткото на заинтерисираниот соговорник.

Спонзорирано