Притворени четворица ресенчани поради измами со продажба на јаболка

    2917

    Од три фирми, од Унгарија, Босна и Херцеговина и од Руската Федерација сега осомничените успеале да земат повеќе од 50.000 евра, но јаболка не испорачале

     

    Битолското јавно обвинителство Битола отворило кривична истрага за четворица жители на Ресен за продолжено кривично дело измама.
    станува збор за клривично-птавен настан кој започна кон крајот на јануари, а траел до крајот на милнатиот месец кога четворицата осомничени, односно еден прокурист, еден управител и двајца надворешни соработници во правното лице „Џим Бим 2019“, претходно договориле измама со поделба на работите, а со намера за себе да прибават противправна имотна корист, довеле во заблуда и оштетиле три правни лица од Руската Федерација, Унгарија и од Босна и Херцеговина.
    Имено, осомничените преку фејсбук профил наречен „TopFruit Fruit“ објавиле дека продаваат јаболка по што стапиле во контакт со оштетените. Така, на претставник на „Fruit Country KFT” од Унгарија му прикажале дека можат да му продадат јаболка во поголема вредност од 7.095 евра или 433.944 денари. Станува збор за средства коишто требало да се уплатат на сметка на нивнаа фирма. Осомничените доставиле профактура и кажале дека јаболката со камион ќе тргнат следниот ден за Унгарија, а веќе на четврти февруари тие ја навеле унгарската фирма да им го уплати договорениот износ.
    Истата постапка била повторена и по контактите со сосопственик на фирмата „Нерко Промет“ од БиХ, со тоа што нењму требало да му продадат 21 тон јаболка за цена од 3.570 или 219.555.
    Третата измама се однесува на фирмата „Пимента“ од Москва, Руска Федерација. На оваа фирма и биле понудени два контејнера јаболка, во тежина од 44 тони. Се работи за јабилка од сортата „ајдаред“ за кои цената била 370 американски долари за тон, но требало да се испорача и еден контејнер јаболка, односно 22 тони, од сортата „гренисмит“, по цена од 400 американски долари за тон и 7 контејнери јаболка за „црвен делишес“ или 154 тони за цена од 480 американски долари. Во цената бил вклучен и превоз до Солун, а според договорот купувачот требало да уплати 50 отсто од вкупната вредност, односно 49.170 американски долари. Кога измамениот купувач пристигнал во земјава двајца од сега осомјичените го однеле во селото Бистрица и во Ресен каде му покажале јаболка. Тие го договарале за изгледот на етикетите и амбалажата, а на 19. февруари, преку електронска пошта му доставиле профактура на износ од 2.674.848 денари.
    Откако париуте легнале на сметката на Џим бим“, обвинетите ги префрлиле на нивните трансакциски сметки, а 100.000 денари биле подигнати како материјални трошоци, со што само ја испразниле сметката на фирмата.
    На предлог на јавен обвинител судија на претходна постапка им изрекол мерка притвор на сите четворица во траење од 30 дена. ​

    Спонзорирано