Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификуван пасош

    647

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против еден турски државјанин за сторено кривично дело фалсификување исправа, односно за фалсификувана патна исправа.

    Сега обвинетиот, вчера, во постапката за продолжување дозвола за привремен престој на странец, пред службите на Министерството за внатрешни работи како вистински употребил преправен турски пасош. Во патната исправа била извршена замена на оригиналната надворешна корица и на страницата со податоци.

    За обвинетиот странец е побаран притвор, бидејќи постои опасност од негово бегство.

    Спонзорирано