Три лица осомничени за производство и продажба на марихуана

157

Скопското јавно обвинителство отвори кривична истрага за три лица за кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Имено, двајца од сега осомничените, како соизвршители, неовластено произведувале и држеле наркотична дрога – марихуана. За таа цел, едниот од нив ги ставил на располагање својот двор и простории од викендичката во Визбегово, но вториот осомничен од полицијата бил затекнат како ги кастри цветовите од стеблата и како ги мери по тежина, а заради нивно пакување.

„При претрес на локацијата биле пронајдени 15 растенија канабис со поединечна висина од 19 до 80 сантиметри, девет свежо искршени гранки со лисја и врвни делови, 20 искршени и делумно соголени гранки со лисја и вршунки канабис, како и дигитална вага“, се вели во соопштението лиферувано од Обвинителството и во исто време се потврдува дека во домот на трететоосомничениот, на улица „Христо Смирненски“, биле пронајдени и запленетри 99,72 грама марихуана, 2,8 милилитри хашиш во смола, во два шприца. Јавното обвинителство, за сите тројца осомничени побарало судот да изрече мерка притвор.

Спонзорирано