Обвинение за чичко кој малтретираше две деца

178

Скопјанец, на возраст од 46 години, е обвинет дека со умисла сторил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно извршување на кривичното дело: запуштање и малтретирање на дете. Обвинетиот, инаку чичко на двете оштетени деца, на 28 јуни оваа година, прифатил обврска, од мајката на децата, да ги надгледува додека таа е отсутна, но тој грубо ја запоставил својата должност за грижа и воспитување, па започнал да ги малтретира децата. Некаде околу 12.30 часот, тој на дрво во близина го врзал 12-годишното момче за стапалото со внатрешна гума од мопед. Врзаното дете, инаку лице со посебни потреби и неразвиена моторика, не можело да се ослободи, па кон него се приближила неговата пет годишна сестра со намера да му даде шише со течност за да се напие, но тој физички го нааднал и февочето.
Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, имајќи предвид дека постои опасност од негово криење и бегство, а како близок роднина кој има постојани контакти со оштетените, постои и реална опасност да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода.

Спонзорирано