Започна судењето на Јово Вангеловски, а тој побара и доби одложување!

1222

По нешто повеќе од еден месец од поднесувањето на обвинение со кое Јово Вангеловски се товари за злоупотреба на службена положба, денеска и формално, во скопскиот кривичен суд, започна неговото судење.
Судењето започна, но се одложи по барање на Вангеловски, бидејќи тој немал подготвено одбрана. Имено, тој денеска во судот дојде без адвокат, но најави ангажирање на свој застапник. Тој пред аудот потврди дека обвинителниот предлог го примил во понеделникот шро, според Вагеловски, е прекратко време за подготвување на одбрана, дотолку повеќе што во предметот имало и други докази.
Судијката Даниела Алексовска – Стојановска даде согласнот на барањето на Вангеловски и за 29. следниот месец закажа нов старт на судењето.
За разлика од обвинетиот Вангеловски, оштетената Лидија Неделкова, исто така судијка во Врховниот суд, дојде придружувана од ангажиран адвокат.
Сега обвинетиот Вангеловски, се товари дека на 30. ноември 2018 година, во својство на службено лице -претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 проценти од основната плата, а кој, согласно законот, им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост. Обвинителството цени дека тој тоа го направил свесно и со намера потешко да и ги повреди правата на Недфелкова и затоа не донел решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839 денари.
Според Обнинителството тој постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Северна Македонија, донесен од Судскиот совет.
Јово Вангеловски, во два наврата ја извршуваше функцијата претседател на Врховниот суд и е еден од оние кои беа посиочени како „кочничари“ на судските постапки кои беа иницирани од поранешното Специјално јавно обвинителство. Тој беше еден од оние кои јавно призна дека во еден од незаконски снимените разговори со еден пратеник договара одлука, а неговото име се врзува и со злоупотребите на системот АКМИС.

 

( Фото: 360 Степени)

Спонзорирано