„Врховен“ ја потврди затворската казна на Сеад Кочан

1565

Врховниот суд на Република Северна Македонија го одбило барањето на вбранителите на осудениот Сеад Кочан, за Вонредно преиспитување на правосилна одлука (ВПП), кој од февруари мината година е на издржување на затворска казна во траење од четири години.
„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 септември 2020 година, одлучи по предметот заведен под КВП2бр.114/19, коj е оформен по поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од бранителите на осудениот Сеад Кочан од Скопје“, се вели во кусото соопштение на Врховниот суд на РСМ, од каде и појаснување дека: „со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје.
Како што е познато сопственикот на сега веќе пропаднатата компанија „Трансмет“, 20. јули 2018 година, скопскиот кривичен суд ја изрече првостепената птресуда со која Кочан беше осуден на казна затвиор во траење од шест годинји. Со пресудата беше опфатен и обвинетиот Василије Авировиќ, кој во време на сторување на делото бил претставник на „Силекс неметали СТ“. Тој беше осуден на три години затвор, а третообвинетиот Сафет Ватиќ беше ослободен од вина. Согласно пресудата на Сеад Кочан и на Василие Авировиќ им беше изречена и забрана за вршење на дејност, професија, да бидат управители на правно лице, сопственици на правно лице или членови на управни органи во траење од должината на изречената казна затвор. Судот за нив изрече и забрана за учество на јавни повици, тендери во истото времетраење од должината на затворската казна.
Во март минатата година, постапувајќи по жалбите на осудените, Апелациониот суд во Скопје донесе пресуда со која на Сеад Кочан наместо шест му се изрекува затворска казна во траење од 4 години и осум месеци, а тригодишната затворска казна на Василије Авировиќ беше заменета за условна, односно му беше изречена затворска казна во траење од две години која му се заменува за условна казна во траење од пет години.
Сеад Кочан е осуден за местење на тендер за ископ на јаловина од рудникот „Суводол“, вреден една милијарда и 60 милиони денари или 17.235.772 евра.
Колку за потсетување: Еден друг состав на Врховниот суд не даде согласност за притворање на Кочан кој, откако му беше укина првично изречемиот притвор исчезна на неколку месеци. Објаснувањето беше дека тиој заминал на „служберн пат“, иако врховниот суд не провери дали тој имал патна исправа и дали воопшто ја напуштил државата.

Спонзорирано