Притвор за дрвокрадците кои брутално претепаа петмина полицајци

1928

Десет лица се осоомничени за напад на припадници на полицијата и за нив, со решение на судија на претходна постапка од судот во Прилеп, е изречена мерка притвор во траење од еден месец.

Истрагата е отворена непосредно по поднесувањето на кривичната пријава до прилепското Обвинителство, а со која тие се товарат дека сториле кривично дело: напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Сега осомничените, во четвртокот, некаде околу 20 часот, на стариот пат Прилеп – Велес, над манастирот „Св Ѓорѓија“, кај селото Присад, физички нападнале петмина полициски службеници од ПО Чашка.

Имено, полицајците кои извршувале работни задачи, меѓу кои и бесправна сеча, забележале три моторни возила без регистерски таблици. Тие се обидечле да ги запрат заради проверка, но едно од возилата се дало во бегство, а другите две, од кои едното „гранд чироки“, а другото марка „лада нива“ биле запрени и притоа било утврдено дека се натоварени со бесправно пресечени дрва.

Додека полициските службеници изготувале службен материјал во врска со постапувањето, пристигнала поголема група лица меѓу кои и осомничените, кои почнале со бејзбол палки, метални праќки, рачки од секири, дрва, камења и други предмети да удираат по петте полициски службеници и службеното возило на полицијата.

Од ударите, на еден од полициските службеници му нанеле тешки телесни повреди изразени како скршеница на десна рака и фрактура на главата со обилно крварење, а останатите оштетени се задобиле со телесни повреди изразени со набиеници по главата и телото.

Спонзорирано