Немало шамари во „Центар“ и Миле Јанакиески бара ослободителна пресуда

875

Ако никој не удрил шамари, тогаш не можело да има и поттикнување, а Миле Јанакиески, како што самиот изјави во завршен збор, ниту прифатил, ниту никому дал некакви инструкции.

Јанакиески цени дека обвинителството не презентирало докази со кои ќе се потврди неговата вина. Имено, тој е на мислење дека новото обвинение, наводно, е адаптирано според исказот на Томислав Лазаров, кој, пак, како што е познато го призна насилството во Општина центар, од јуни 2013 година и за стореното беше осуден на условна затворска казна.

Миле Јанакиески, како еден од обвинметите за поттикнување на насилство, е на мислење дека се што претходно и било препишано на Даниела Рангелова сега му е нему пренесено, а за потткнување, барем засега, не може да одгова ниту неговиот шеф, Никола Груевски, бидејќи тој скоро две години како е во бегство.

Нападот на Јанакиески кон Томислав Лазаров е последица на обвинуваењата дека толпата, пред Оппштина Центар, станувала агресивна секохаш кога тој ќе му ипрател смс – порака на поранешниот министер за транспорт и врски. Јанакиески, во завршен збор кажа дека сега, откако Груевски веќе не е во земајата, останува само тој со неговите осум судски постапки, но ако за овој случај биде осуден, тоа, наводно, ќе биде поради она што било кажано во разговор со него.

Тој од судечкиот совет на скопскиот кривичен суд побара ослободителна пресуда. На минатото судско рочиште Јанакиески негираше негова и инволвираност на ВМРО-ДПМНЕ во настанот за кој се товари и тој уште девет други лица.

Спонзорирано