Гордана Јанкулоска спроведена во КПУ „Идризово“

2126

Како што пренесуваат некои медиуми екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, од попладнево е во Казнено-поправната установа „Идризово“ каде ќе ја издржува затворската казна изречена по пресуда за сторена злоупотреба.

Имено, Јанкулоска во затворот е спроведена со полициска придружба и од денеска таа започнува со издржување на четири годишнатата затворска казна, изречена за случајот наречен „Тенк“, односно за незаконската набавка на службено возило „мерцедес“ кое го избрал и кое требало да го користи Никола Груевски.

За блиндираниот „мерцедес“, вреден безмалку 600.000 евра, затворска казна, исто така во траење од 4 години, веќе издржува поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, а Никола Груевски е правосилно осуден на две години затвор.
Приведувањето на Гордана Јанкулоска доаѓа по одлуката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, кој на 17. овој месец ги отфрли жалбите на сите тројца осудени.
Инаку, за Јанкулоска во моментов се водат уште неколку судски постапки.

Спонзорирано