Една и пол година затвор за Груевски во отсуство, условна казна за Миле Јанакиески

795

За насилството, кое што се случи во јуни 2013 година, сега осудените за потткнување смислиле план со кој како повод за протестите ја споменуваат црквата „Свети Константин и Елена“, иако во позадината се крие измена на ДУП-от за таканареченот „Мал ринг“

Никола Груевски, за поттикнување на насилствата во Општината Центар денеска е огласен за виновен и за стореното е осуден на една и пол година затвор. Миле Јанакиески, кој исто така се товаршње за поттикнување е осуден на условна затворска казна, а петмината обвинети за насилство судот им изрече алтернативна казна. Со најновата пресуда екс премиерот Груевски сега на своето “конто” има две години затвор за случајот “Тенк” и уште 1,6 месеци за случајот наречен “Шамари во Општина Центар”.

Александар Трајковски, Дарко Стојлевски, Трајче Петковски, Игор Бошковски и Даниел Трифуновски кои се товарат  за поттикнување добија условни казни.

Со првостепената пресуда освен Никола Груевски, како првообвинет и како лице на кое му се суди во отсуство, опфатен е и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, но тие, за разлика од другите петмина кои одговараат за насилство, се товарат за поттикнување.

За да спречи измени на Деталниот урбанистички план за таканаречениот “Мал ринг“, Груевски ќе започне со клевети кон новата општинска власт и кон градоначалникот Андреј Жерновски. Тој ќе обвини дека, наводно се планирало уривање на црквата „Свети Константин и Елена“, во стргиот центар на Скопје, а во суштина тој се грижел за неговите тајно купени плацеви на Водно.

На минатото рочиште, во завршен збор, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече делот од обвинението кое се однесуваше на Даниела Рангелова, која, исто така, беше обвинета за поттикнување. Имено, на едно од претходните судски рочишта, општинскиот советник Панче Вангелов, посведочи дека Рангелова, за време на нападот на Општината, го провоцирла тогашниот градоначалник Андреј Жерновски, односно дека од него барала да излезе надвор, бидејќи „луѓето, го барале луѓето“!

Овој сведок рече дека токму Рангелова била таа која што „диригирала со случувањата“, а дека припадниците на полицијата стоеле немо, како статисти и не преземале никакви дејства, во насока на заштита на советниците. Овој сведок меѓу обвинетите ги препозна лицата Митко Пецов, Александар Трајковски и Дарко Стојчевски и за нив рече дека биле подготвени да ги линчуваат советниците од коалицијата предводена од СДСМ.

Судењето за насилството, односно за нарачаните „шамари во Општина Центар“ уште од самиот свој старт имаше неколку раздвојувања. Најпрво обвинетите Томислав Лазаров и Јордан Ристевски признаа вина и за стореното беа осудени на условни затворски казни, а раздвојување имаше и за обвинетиот Димче Крстев

Спонзорирано