Обвинителството отфрли кривични пријави поднесени во врска со работењето на „ТЕ-ТО“

894

Основното јавно обвинителство Скопје, по претходно спроведена постапка донесе решение со кое ја отфрла кривичната пријава поднесена од „Топлификација АД Скопје“, поднесена против четири физички лица, односно против претседател на управен одбор, нотар, извршител и адвокат, а за сторено кривично дело: злоупотреба на службена положба и овластување. Со пријавата беа опфатени и две правни лица од Скопје и од Никозија, Кипар, но тие беа пријавени за кривично дело: оштетување или повластување доверители.
„Со донесеното решение, отфрлена е и кривичната пријава поднесена од тројца акционери во ‘Топлификација’ АД Скопје, како и пријавата поднесена од Управата за финансиска полиција против едно лице – стечаен управник за кривични дела -злоупотреба на постапката за стечај и злоупотреба на службена положба и овластување. Отфрлена е и кривичната пријава поднесена од Управата за финансиска полиција против едно физичко лице – претседател на управен одбор за кривични дела – намерно предизвикување стечај и злоупотреба на службена положба и овластување, против две физички лица, (нотар и судија) за злоупотреба на службена положба и овластување и против едно правно лице од Скопје за кривично дело: намерно предизвикување стечај. Поднесените пријави се отфрлени бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, претходно, постапувајќи по една кривична пријава за која сега се произнесува и скопското обвинителство, донесе резолуција со која се констатира дека нема место за јавнообвинителска интервенција против три лица за кривично дело: перење пари и други приноси од казниви дела. Поднесените кривични пријави се однесувале на евентуални неправилности во работењето на пријавеното лице „ТЕ-ТО“, кај кое правно лице сопственичката структура со 89,2 отсто е странски капитал, а останатите 10,8 отсто се во сопственост на скопска „Топлификација“. Истрагата утврдила дека „ТЕ-ТО“ било основано на 21. декември 2004 година, со основачки влог 5.000 евра и било регистрирано за дејност – производство на топлинска енергија, но поради обемот и динамиката на работа,тоа за цело време се финансирало преку заеми од акционерите и со банкарски кредити. Токму поради финансиски проблеми се исполниле условите за отворање стечај.
Од направените проверки Јавнотѕо обвинителство утврдило дека во дејствијата на пријавените физички и правни лица не се содржави битијата на пријавените кривични дела или нанекое друго кривично дело кое се гони по службена должност, но потстува дека оштетените имаат право на жалба.

Спонзорирано