„Таргет – Тврдина“: Владимир Пивоваров за прислушувањето дознал од Горан Грујовски

280

Десетина повикани сведоци денеска говореа за прислушувањата на нивните телефонски разговори, а за кои разбрале по направени проверки во тогашното Специјално јавно обвинителство. Меѓу оние кои биле незаконски прислушувани бил и Хари Костов, директор на „Комерцијална банка АД Скопје“.
Костов, на судењето за случајот наречен „Таргет – Тврдина“, ќе потврди дека побарал потврда за тоа дали неговите телефони биле прислушувани, а кога се покажало дека бил шртва на незаонско прилушување тој ќе процени дека разговоротие кои што ги имал главни биле направени додека бил надвор од државата. Костов ќе посведочи дека се работи за разговори со негови вработени ос кои еазговарал за давање на гаранции за учество на фирми на тендери. Неговите проценки се дека од тие разговори можело да се предизвика штета по работењето на Банката. Хари Костов рече дека ако направената штета треба да јаплаќа државата тогаш тој ќе се откаже од неа, но ако се утврди друг виновник тогаш ќе бара надомест на штета, а парите кои ќе ги добие ќе ги даде за хумани цели.
За разлика од Костов, професорот и поранешен разузнавач, Владимир Пивоваров, пред судот ќе посведочи дека за неговото прислушување дознал од разговорот штп го имал со неговиот некогашен студент – бегалецот Горан Грујовски. Имено, Пивопавор го прашал Грујовски зошто му го следат телефонот, а тој му одговорил дека тоа е наредба која била дадена „од повисоко“.
Меѓу сведоците чии телефони биле прислушувани се и Јовица Ѓуричиќ, сопственик на фирма која се занимава со трговија со оружје и воена опрема, но и Нухи Алиу, сопственик на фирмата „Еуроактива“. Сведокот Алиу е на мислење дека не само тој, туку и неговото семејство претрпеле голема шета од прислушувањето и затоа тој ќе побара надомест во висина од 10 милиони евра.
На долграта листа на повикани сведоци се најдоа и имињата на Снежана Јовановска-Трајковска, сопственичка на агенцијата “Орфеј”, адвокатот Звонко Давидовиќ, Ѓакуш Кабаши, вработен во канцеларијата на Совет на Европа, Влатко Стефановски, менацер во агенција за обезбедување, Зоре Темелковски, и уште неколкумина новинари.
Инаку, вчера условно осудениот Миле Јанакиески поднел пријава со која тој му укажува на судот дека и самиот е жртва на прислушување.За нелегалното прислушување обвинети се портанешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет Тони Јакимовски, избеганите Горан Грујовски и Никола Бошковски и други лица вработени во УБК, како и екс – министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која на судењето дојде од затворот „Идризово“, каде од пред три дена е на издржување на затворската казна, во траење од четири години, за предметот наречен „Тенк“.
Сите споменати се товарат дека преку три системи за следење на комуникациите, од 2008 до 2015 година, незаконски биле следеле неколку илјади телефонски броеви.

Спонзорирано