Обвинение за скопјанка заради поседување хероин

838

Скопјанка, на возраст од 39 години, е обвинета за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Обвинението кое е веќе изготвено ја товари дека, во домот во кој престојувала, на улица „Никола Тесла“, во Скопје, заради натамошна илегална продажба поседувала 22,68 грама хероин, спакуван во повеќе различни пакувања. предметната дрога е заплената од полицијата по извршен претрес кој се случи пред десетина денас, односно на 22. минатиот месец.
Освен обвинение, јавен обвинител, до кривичниот суд во Скопје, доставил и предлог со кој бара продолжување на веќе определената мерка куќен притвор.

Спонзорирано