Али Ахмети уште в зори дошол во Обвинителството да даде исказ за случајот „Попис“

1267

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, утрово, некаде околу осум часот, се појавил во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде треба да даде исказ за случајот „Попис“, случај кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.
Доаѓањето на Ахмати првично беше најавено за 10 часот, но тој дошол два часа порано и откако дал исказ за пропаднатиот попис од 2011 година, а за што и тој се води како осомничен, си заминал.
Случајот „Попис“, ( заведен во СЈО како НСК-КО бр.2/18) се однесува на неспроведена операција која најпрво беше одложена во јуни, а потоа и во октомври 2011 година, токму поради неможноста ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се договорат и да го изведат пописот како што треба. Како што е познато тогашната претседателка на Комисијата, Весна Јаневска си поднесе оставка на функцијата, а тоа го стори и Абдулменаф Беџети, кој беше нејзин заменик.

СЈО за неуспехот ќе ги обвини Никола Груевски и Али Ахмети, како лидери на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, дека тие, меѓу 10 и 12. октомоври 2011 година, постигнале договор за запирање на сите актвности поврзани со пописот, а за фијаското, според договорот, односно вината требало да биде пренесена на пописната комисија. Тие ќе му предложат на Собранието да донесе закон со кој ќе престане важноста на Законот за попис, а тоа ќе се случи три дена подоцна, односно на 15. октомври 20011 година. Штетата од нереализираниот попис е проценета на 175.120.909 денари или нешто над 2,5 милиони евра.
Покавивањето на Али Ахмети во ОЈО ГОКК доаѓа само една недела по неговото сведочење во судот во Хаг каде во тек се постапки за повеќе лица за сторени кривични дела поврзани со делувањето на таканаречената „УЧК“.

Спонзорирано