Илија Димовски негира партиско инволвирање во протестите од 27. април

628

Минатата недела говореа Никола Мицевски, Благица Ласоска Драган Данев, Крсто Јовановски, Панчо Минов, Трајчо Димков, Магдалена Манаскова, Иван Иванов и Иван Стоилковиќ, а веќе на денешното продолжение на судскиот предмет кој се однесува на организаторите на упадот во Собранието, кое се случи на 27. април 2017 година, се појавија уште седуммина бивши и сегашни пратеници.

Не предлог на одбраната на поранешниот собраниски претседател Трајко Вељаноски, денеска, во својство на сведоци се појавија Зоран Илиоски, Лилјана Кузмановска, Благој Деспотовски, Слаѓана Митовска, Весна Пемова, Весна Дамчевка и Илија Димовски, кој, пак, исто така е обвинет, но во друг судски предмет.

Токму Димовски е тој кој говореше за настаните од 27. април притоа изнесувајќи мислење дека немал впечаток дека нешто непланирано ќе се случи. Димовски потсети дека членови и симпатизери ВРМО-ДПМНЕ учествувале на повеќе улични протрестио меѓу кои и на оној кој беше наречен “За заедничка Македонија”, но тој негираше дека постоела партиска одлука за тие протести.

Поранешниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најмногу време потроши за објаснување на случувањата во Собранието, односно за Конститутивната седница, за партиските координации и други работи кии се однесуваат на работата на парламентот, но според него постапка за избор на претседател на Собранието е незаконска, бидејќи биле прекршени три члена од Уставот и уште 26 од Деловникот за работа на Собранието.

По завршување на сведочењето на Димовски, пред судечкиот совет ќе се најдат и другите повикани сведоци. Инаку, за настанмите од 27. април, односно за сторено кривично дело: терористичко загрозување на уставниот поредок освен споменатиот Трајко Вељаноски, се товарат и екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски.

Спонзорирано