Трајко Вељаноски, на судење за 27. април, повика да сведочат 15 пратеници

1491

На следното продолжение на судскиот процес кој се води за организаторите на случувањата од 27. април 2017., по предлог на сега обвинетиот Трајко Вељаноски, ќе треба да се појават најмалку 15 пратеници.

Имено, Вељаноски на денешното рочиште ги најави Иван Стоиљковиќ, Љупчо Димовски, Драган Данев, Благоја Деспотовски и уште дестимина други пратеници со намера да ги негира обвинувањата кои одат на негова сметка, а кои се во насока дека тој знаел што ќе се случува во републичкото Собрание.

На денешното продолжение Вељаноски тој го пушти делот од снимката каде се слуша како лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најавува избор на нов претседател на Собранието. Тој побара да му биде дозволено да ги пушти изјавите на Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Панче Минов, Илија Димовски и Максим Димитриевски за да можело да се покаже дека доцнењето со избор на нов претседател не било по негова, туку по вина на пратениците.

Како организатори на насилствата во Собранието на СРМ освен Трајко Вељаноски обвинети се и Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и екс-директорот на сега веќе непосточеката Управа за безбедност и конмтраразузнавање, Владимир Атанасовски.

Спонзорирано