Советникот Нафи Усеини и неговиот брат се пријавиле за издржување мерка притвор

1121

По речеси една недела откако за охрискиот советник Нафи Усеини и за неговиот брат Ибро Усеини беше изречена мерка притвор тие денеска самите се појавиле пред вратите на затворот.

Браќата Усеини, по пријава на охриѓанецот Спире Топалоски, беа осомничени дека со помош на уште две лица, физички се пресметале со него, односно дека тој бил удриран со пиштол по глава, а истиот пиштол бил насочуван и кон неговиот малолетен син.

Топалоски освен што го пријави насилството тој уште се закани со одмазда.
Во меѓувреме браќата Усеини исчезнаа и во нивно остуство судот им изрече краткотраен притвор, во траење од осум дена, но за време на нивното бегство Топалоски од корен ја смени своето видување на настанот и изјави дека Нафи Усеини му е долгогодишен пријател и дека не му е познато кој го удирал со пиштол и покрај тоа што полицијата ги има обезбедено снимки од безбедносни камери од околните објекти.

Инаку, за името на советникот Сами Усеини се вразува и тепање на советник за време на одржување на седница на Советот на Општина Охрид. Минатата година тој спречи инспектор да изврши увид на дивоизградена тераса во близина на Чинарот, а физичка сила применил и кон професорот Иљаз Иљази, но овој напад се уште не е процесуиран.

Спонзорирано