Во УБК биле инсталирани четири системи за следење на телекомуникациите

1290

Во Управата за државна безбедност и контраразузнавање биле инсталирани четири системи за следење на телекомуникациите. Два од нив биле на „Телеком“, а по еден на „ВИП“ и „Оне“.

Со вакви објаснувања на Момир Малетиќ, сведок во судскиот процес наречен „Таргет – Тврдина“, денеска продолжи удерњеѕто за масовното нелегално прислушување за време на владењето на Никола Груевски.

Сведокот, инаку вработен во “Ериксон телекомуникации”, од 2008 до 2015 година бил задолженм за одржување на “Ериксон” серверите, а пристап до нив имале уште двајца негови колеги, но секогаш кога тие ги извршувале своите обврски, крај нив имало лице од УБК. Сведокот потврди декла неговата последната интервенвија била кон средината на 2017 година, но и тоа дека, дека во октомври 2016 година, по барање на СЈО, бил дојден експерт на “Ериксон” кој по извршена проверка на системот утврддил дека постоело архивирање на податоците, односно дека сите податоци од базата биле префрлени на текстуален фајл. Претставникот на „Ериксон“ не успеал да го пронајде спорниот фајл, но затоа, пак, тој, во 2014 година, на уредот на „Оне“, направил архивирање на податоци, а нему му било кажано дека фајл останува таму каде што е се додека не му се најде, ново место.

Судската постапка во која се обвинети екс-министерјката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет Тони Јакимовски, Наташа Николиќ, Владимир Варелов, Марјан Шумоликовски, Силвана Златкова, Васил Исаковски и Валентина Симоновска.

Спонзорирано