Основниот суд во Охрид, по вчерашниот прием на обвинението за сторено кривично дело насилство, донесе решение со кое мерката притвор за Нефи Усеини и за неговиот брат Ибраим им се продолжува за еден месец.
Судот ја прифатил причината која што ја навело обвинителството кое проценило дека обвинетите браќа можат да се дадат во бегство, како што тоа се случи по тепачката пред еден охридски хотел, на 26. минатиот месец.
Прифаќањето на предлогот за продолжување на притворот од првичните осум за нови 30 дена претставува мало изненадување, ако се знае дека судот во Охрид, минатата недела, прифатија парична гаранција од 30.000 евра во замена за укинување на притворот.
Од првичното решение на судот обвинителството беше незадоволно и се жалеше до Апелациониот суд во Битола кој, пак, ја укина првичната одлука.
Советникот Нефи и неговиот брат Ибраим се товарат дека за насилство врз охриѓанецот Спире Топаловски, кој, најнапред тврдеше дека бил удиран со пиштол по глава, но кога напаѓачите исчезнаа тој го негираше сето она што го раскажа за настанот.