Кривична пријава за охридскиот советник Нефи Усеини

    1338

    Охридскиот советник Нефи Усеини (45) и неговиоттри години постар брат И.У. се пријавени како сторители на кривични дела: насилство и неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали.

    Имено, браќата Усеини се пријавени за инцидентот кој се случи вчера пред еден охридски хотел, кога тие го нападнале охриѓанецот Спире Топалоски.
    Топалоски, како што велат информациите со пиштол бил удиран по глава и тоа пред очите на неговиот малолетен син. Инаку, со браќата Усеини биле уште две непознати лица.

    Од полицијата потврдуваат дека по налог од Јавен обвинител бил извршен претрес во домовите на браќата и дека се преземаат мерки за нивно пронаоѓање, како и за комплетно расчистување на случајот.

    Она што засега е познато поткрепа наоѓа во кажувањата на Топалоски кои изјавил дека Нефи Усени го повикал да дојде на средба, а потоа извадил пиштол и со него го удирал пред неговиот син.

    Според првичните информации со инцидентот беше поврзан и скопскиот бизнисмен Зоре Темелковски, кој, пак, не негира дека е близок пријател со Нефи Усени и дека, во неделата, се случил инцидент кој нема врска со настанот. Според Темелковски, багер на охридски „Водовод“, при вршење ископ. искинал црево и тој останал без вода, а за се она што подоцна се случувало тој пријавил в полиција.

    Спонзорирано