ДОБРИ ПЛАСМАНИ И ЛОШИ КРЕДИТИРАЊА

1441

Некаде на почетокот на 2007. година, во време кога Трифун Костовски беше градочалник на Скопје, „Еуростандард банка“ објави дека одобрила риволвинг кредит во висина од 90 милиони денари или 1,5 милиони евра, но договорот за овој, „добар кередитен пласман“ го нема видено ниту еден од измамените купувачи на станови, но тоа не ја спрелчи да добијат објекти изградени од „Фи Ком“

Љубиша Станковиќ

 

Верувам дека се уште има такви кои ќе се сеќаваат на аферата наречена „Фи Ком“, но за оние кои не знаат, како и за оние кратко паметат само ќе кажам дека се работи за скандал со неколкукратна продажаба на станови или локали во објектите коишто го градеше спомената фирма.
Аферата наречена „Фи Ком“ започна уште кон крајот на летото 2006. година, односно со доаѓањето на Никола Груевски на власт, а целиот случај траеше еден деценија, односно до заминувањето на споменатиот од власт. Можеби скандалот со неколкукратната продажбата на станови и не беше пресудна во случајот, бидејќи на „Фи Ком“ прва му се „налепи“ токму сега многу сопоменувата „Еуростандард банка“, сопственост на екс градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски.
Имено, „Еуростандард банка“ со замеша во афетата во време кога имамените купувачи се обидуваа, о судски пат, да ја истераат работата до крај, односно да дојдат до становите за кои веќе дале пари. Всушност, целиот хаос настана кога „Еуростандард банка“ објави дека на „Фи Ком“ му одобрил риволвинг кредит во висина од 90 милиони денари или 1,5 милиони евра.
Чинам дека се уште никој го нема видено договорот за риволвинг кредитот, но тоа не ја спречи Банката да стане доминатитен доверител во стечајот кој ќе биде отворен, во јули 2007 година.
Тогаш никој од Банката не им кажа на измамените граѓани дека не треба да даваат земјиште за градба или пари за станови и локали, односно дека тие со кредитот веќе ја оптовариле „Фи Ком“. Таквиот однос не и пречеше на Банката, бидејќи, на крајот на денот „Еуростандард банка“ стана сопственик на неколкуте станбено-деловни објекти изградени од сега покојниот Никола Николиќ.
Ако „Еуростандард банка“ не играла според правилата, тогаш не може да и се и лути на Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) зошто не била известена дека ќе биде згасната.
Не може во случајот „Фи Ком“ да имате „добар пласман“ на кредит, а малку потоа да да работите „во минус“, односно со лошо кредитирање да се доведете до затворање. Или можеби се случи она што Американците би кажале: „Easy come, easy go“. Кажано на наш јазик: како дошло – така отишло!
Банката на Труфун, како што ја викаа измамените купувачи со ангажирање на агенцијата „Еуросекјурити“, уште пред да се донесат финалните пресуди, покажа кои зградите на „Фи Ком“ ќе и припаднат на Банката. И додека становите и локалите од зградите наречени „Ева“, „Викторија“, „Монопол“ и „Станислава“ завршија кај оние кои за нив дали пари, банката за „Николина“ доби скоро половина од сумата од 800.000 евра. Врховниот суд на РСМ и го призна правото на хипотека на Банката за објектот наречен „Филип“, а некаде пред финализирање ( ако веќе не се) се и работите за објектите наречени „Антигона 1“ и „Антигона 2“.

Какви импликации ќе има затворањето на „Еуростандард банка“ врз економијата допрва ќе се анализира, но Трифун Костовски, како најголем акционер, требало да знае во каква кондиција е банката. Тој не смее никому да се лути, ако тој некој си ги подигне парите од сопствената сметка. Впрочем, тоа се пари на оној на чие име гласи сметката, макар бил и министер(ка), а не на Банката. Нема тука простор за обвинувања за злоупотрееби, ако сите ја знаеле состојбата на банката.
Во крајна линија и аферата „Фи Ком“ се случуваше во време кога Костовски беше градоначник на Скопје, а токму во тој период, како што ќе потврди неговиот наследник Коце Трајановски, тој ќе се стекне, на период од 99 години, да управува со 6.300 квадратни метри од Градскиот парк, а тука е ресторанот „Кермес“.

П.С.
Станбено-деловните објекти Банката ги добиваше врз основа на судски прссуди, но за носењето на различни пресуди, за ист случај, во некоја друга прилика

Спонзорирано