Дали „Бетон“ АД Штип е за стечај?!

4178

Најголеми акционери во штипски „Бетон“ се фирма чијшто сопственик е Цветан Панделевски, потоа „Орка Холдинг“ на Орце Камчев и оф-шор компанијата “Ексико“, што е сосема доволно за да се провери дали не се работи за отворање на лажен стечај

 

Љубиша Станковиќ

 

Веста за ставање на „Еуростандард банка“ во стечај како да ја стави во втор план веста за стечајот кој ќе се води за градежната компанија „Бетон Штип“. Отворање стечај за штипски „Бетон“ може да претставува изненадување, со оглед на тоа што се изминативе години го изработи оваа компанија, но со оглед на тоа дека еден од сопствениците на „Бетон Штип“ е Орце Камчев, тогаш тоа и не е не треба да претставува некако изненадување. 

Имено, познато е дека Камчев, некако како по навика, ги става под стечај фирмите, кои во време на владеење на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, нагло се збогатија.
Она што е извесно е дека „Бетон Штип“ ќе оди под стечај и дека стечајот е на барање на три компании кои ообаруваат безмалку 1,5 милиони евра, но сомнежот кој се јавува е поради тоа што не се знае дали токму тие што побарале стечај не се фирми кои се под контрола на Орце Камчев?

Ваквиот сомнеж станува основан, ако се знае дека такво нешто се случи со печатницата „Графички Центар Скопје“, која на сличен начин беше ставена под под стечај, а по барање на Друштвото за производство, трговија и транспорт Доника + Мујадин ДООЕЛ Експорт – импорт“, со седиште во Тетово и фирмата “ПОЛИГРАФСНАБ”, од Софија, Бугарија.

„Графички центар Скопје“ му донесе милиони евра државни пари на Камчев со печатење на учебници, книги и весници, но фирмсата, исто како и „Медиа Принт Македонија“, беше ставеа под стечај. Сомневањата дека не мора да се работи за „чесен стечај“ потекнуваат и од самиот факт дека најголем акционер во „Бетон“ АД Штип, е фирмата ТИМ ДОО чијшто сопственик е Цватан Панделевски, лицето, кое зедно со Орце Камчев како осомничен во случајот “Империја“, заврши во притвор.
Според бројот на акции втора е компанијата „Орка холдинг“, сопствденост на Орце Камчев, но тука е и нашата најпозната и можеби најбогата оф-шор компанија – „Ексико“.

Имено, јавноста се уште не знае кој е вистинскиот сопственик на „Ексико“, кој, пак, се јавува во сопственичката структура на скопскиот хотел „Ибис“ што, пак, повторно отвора сомнеж дека сопственик на “Ексико“ е самиот Камчев.

Како голем акционер во „Бетон“ се јавува и штипската фирма „Езимит“, а во неа, поточно во одборот на директори седи и адвокатот Сашко Бошков, но тој е таков авторитет што тогашната владеачка структура, во 2013 година, го посака да биде кандидат за градоначалник на Штип.

Инаку и во случајот на „Бетон“ имаше кривична истрага која што ја иницирашер Специјалното јавно обвинителство, кое, пак, заради манипулации со доделување на тендер при изградбата на таканеречениот Музеј на ВМРО, ( а по сведочење на сега бившиот директор на штипски „Бетон“ Илија Бреслиски), ја обвини екс- министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Иако во јавноста никогаш точно не беа соопштени егзактни суми кои, како изведувач на работи, на проектот наречен „Скопје 2014“, му беа исплатени на „Бетон“, сепак, останаа шпекулациите дека се работи за повеќе од 50 милиони евра. Пари, освен за Музејот на ВМРО, им беа дадени и за Археролошкиот музеј, за зградите на МЕПСО и на ФИНКИ, а сумите се движат меѓу девет и 12 милиони евра.

Во моментов, штипски „Бетон“ работи на Офицерскиот дом во Скопје и на Клиничката болница во Штип, но станува се поизвесно дека овие обејкти ќе ги доработи некој друг.

П.С.
Отворање и затворање на фирми, барем кога е Камчев во прашање, започна пред повеќе од 15 години. И тогаш тој беше осомничен за манипулации со неговите фирми, но тој успеа да ја напушти земјата, а кога се врати и да избегне издржување на мерката притвор.

Спонзорирано