Скопјанец обвинет за непочитување на здравствените мерки со организирање на фудбалски турнир

951

Скопското јавно обвинителство Скопје со нови 17 казнени налози за исто толку лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, а меѓу пријавенмите е и лице кое организирало турнир во мал фудбал.

Имено, обвинетиот, спротивно на одлуката за спроведување мерки на заштита од COVID – 19, организирал и одржал турнир во мал фудбал на игралиште, каде имало и стотина лица кои како публика ги следеле натпреварите.

Останатите 16 обвинети се товарат дека не постапиле согласно одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на тогаш важечки полициски час биле затекнати како се движат на различни локации. За сите обвинети е побарано да им се изречат парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра.​

Спонзорирано