Газдите кои си ја земаа државната финансиска помош за себе пријавени во Обвинителството

587

Владиниот секретаријат до Јавното обвинителство доставил список со имиња на 344 сопственици на фирми кои ја злоупотребиле финансиската помош од државата во време на корона-кризата.

Пред обвинителите ќе се најдат имиња на сопственици на фирми кои на своите вработени не им ислатиле по 14.500 денари, за арил и мај, односно средства во висимна од вкупно 180.000 евра кои им беа дадени како помош од државата, а до цел надминување на последиците од неработењето поради корона кризата.

На списокот нема да се најдат и имињата на уште 243 сопственици на фирми, бидејќи овие, во последен момент, им ги исплатиле платите на вработените.

За злоупотребите на државните средства најпрво информираа од Управата за јавни приходи (УЈП). Оттаму информираа дека 708 газди, за два месеца, не исплатиле безмалку 400.000 евра на повеќе од 1.700 вработени, а беа објавени и имињата на фирмите.

Спонзорирано