Скопјанец обвинет за шверц на еден килограм кокаин

546

Едно лице од Скопје е обвинeто за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, односно за поседување на еден килограм кокаин.

Од обвинителството информираат дека се работи за предмет кој бил оформен од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во кој како осомниченми се воделе две лица, но кога за едниот од нив бил запрен кривичиот преогон, списите од предметот, за другиот осомничен, биле доставени до скопското Јавно обвинителство.

Со сега поднесеното обвинение, обвинетиот се товари дека на 19. февруари оваа година, во скопското село Крушопек, заради продажба држел кокаин со тежина од 1.001 грам. Дрогата била откриена при извршен претрес на товарно моторно возило, односно во пакети со банани.

Имено, кокаинот бил спакуван во една пратка со правоаголна форма и било замотано со две полиетиленски безбојни обвивки, на кои било втиснато лого – глава на јарец.​

Спонзорирано