МВР со известување до обвинителството за нелегалната градба кај „Мавровка“

641

Бесправно изградениот објект, кој се наоѓа на самиот влез на трговскиот центар „Мавровка“, е предмет на интерес на Единицата за економски и компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност. Како што потврдуваат од Министерството за внатрешни рабноти во изминативе денови интензивно се работело на тоа да се утврди кој е инвеститорот на градбата и кој ќе одговара за бесправното градење.

„По исрцпување на сите истражни мерки и активности во насока на откривање и документирање на кривично – правниот настан, денеска, СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство – Скопје беше поднесен соодветен акт од сите досега преземени мерки и активности во врска со кривично-правниот настан ‘бесправно градење’, кој што се однесува на членот 244-а од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на МВР.

Заради утврдување на елементи на постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, кои што се гонат по службена должност, а се однесуваат на предметниот кривично-правен настан, СВР Скопје ќе продолжи и понатаму со преземање на соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност.

Спонзорирано