Тројца жители на Дебреште фатени со хашиш и марухуана

983

Тројца жители на прилепското село Дебреште, од тамошнотото Јавно обвинителство, се осомничени дека тргувале со наркотични дроги.

Како што појаснуваат од обвинителството, првоосомничениот организирал пренесување, а второ и третоосомничениот, заради продажба посудавале хашиш во количина од 14.472,8 грама, спакувана во една најлонска вреќа и наркотична дрога марихуана во количина од 31.147,4 грама, спакувана во три најлонски вреќи.

Првоосомничениот, од непознато лице, ја набавил дрогата, му кажал на второосомничениот од каде да ја подигне за да ја пренесе до место викано „Песјо Брдце“ во Прилеп, каде што требало да се изврши купопродажбата на наркотичната дрога. На 4. овој месец, второосомничениот и третоосомничениот ја подигнале дрогата и со возило се упатиле кон договореното место, каде пристигнале во 20.30 часот.

Третоосомничениот ги извадил четирите вреќи чната дрога и ги ставил крај патот, а второосомничениотсе упатил кон комбето кое што претходно било паркирано во кое сметал дека се е потенцијалниот купувач, но тогаш бил уапсен од полициски службеници.

Судот, на предлог на обвинителдството на осомниченмите им изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

Спонзорирано