Случај „Друмарина“: Силвана Бонева обвинета за измама тешка 100.000 евра

2767

Поранешната прартеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, е обвинета за за продолжено кривично дело измама, односно за злоупотребите кои таа ги вршела со прикажувања на свои и туѓи белешки од наплатни рампи.

Од скопското Основно обвинителство не посочуваат кој е обвинет, но потврдуваат дека обвинението се однесува на лице кое беше неаведено во предметот познат како „Друмарина“, а за кој истрагата, уште во декемврри 2017 година, ја отвори и ја водеше Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, односно некогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Имено, уште со отворањето на истрагата СЈО потврди дека Бонева, на незаконски начин, се стекнала со имотна корист од 100.000 евра.

„Обвинетата во периодот од 1.1.2011 до 16.12.2015 година, како службено лице – пратеник во Собранието на Република Македонија, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, сторила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, притоа искористувајќи ист траен однос и прилики.

Имено, таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања заради присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6.458.551 денари“, се вели во соопштението на обвинителството и се појаснува дека уште од почетокот на 2011 година таа имала сместување, односно станови во Скопје и дека не патувала за секоја седница на Собранието, но дека лажните фискални сметки ги обезбедувала од други лица.

Туѓите сметки Бонева ги приложувала кон налозите за службени патувања.​​

Спонзорирано