ОТФРЛЕНА ПРИЈАВАТА НА „ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА“ ПРОТИВ ЧЛЕНОВИТЕ НА ДИК

674

Скопското јавно обвинителство, по извршени проверки на целокупниот материјал, утврдило дека нема повреда на избирачко право, на слобода на определување на избитачите, дека нема уништуввње на изборен материјал и изборна измама

Скопското јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава која ја поднесе професорот Јове Кекеновски против претседателот и членовите на Државната изборна. Кекеовски ги осомничи членовите на ДИК за кривични дела: повреда на избирачко право, повреда на слобода на определување на избирачите, уништување на изборен материјал и изборна измама.

Делата за кои тие беа пријавени се однесуваат на парламентарните избори кои се одржаа на 16. јули, оваа година. „Подносителот во пријавата наведе дека седумтемина пријавени, вршејќи ја службата во врска со спроведувањето на предвремените парламентарни избори за 2020 година, спротивно на изборниот закон, ги лишиле од право избирачите од правото да гласаат за коалицијата ‘Никогаш Северна – Само Македонија’, предводена од политичката партија Единствена Македонија, а во која учествувале и граѓанските здруженија ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерани на ВМРО 1990 година.

Според наводите во пријавата, откако јавно го утврдиле редоследот на оваа коалиција под реден број 11 на гласачкото ливче, пријавените незаконито наложиле промена и наместо коалицијата со ова име, под редниот број 11 ја впишале само партијата Единствена Македонија. Со ова тие ги довеле во заблуда гласачите и ги лишиле од правото да гласаат за кандидатите предложени од коалицијата“, се вели во писменото обтразложените на обвинителствто и притоа се појаснмува дека јавниот обвинител, заради утврдување на фактичката состојба, до ДИК поднел барање за доставување податоци во врска со наводите од кривичната пријава.

Од материјалот кој бил доставен се потврдило дека на 12. март оваа година, „Единствена Македонија“ до ДИК поднела листа на кандидати за пратеници со назив „Никогаш Северна – Само Македонија“, а била извршена и идентификација на подносителот врз основа на полномошно од партијата, единствен даночен број, била отворена посебна трансакциска сметка, како и изјави за прифаќање кандидатура.
„Државната изборна комисија констатирала определени формални недостатоци на поднесените листи, при што се обратила до политичката партија ‘Единствена Македонија’ со барање да ги отстрани, а партијата постапила по барањето и во дадениот рок доставила исправена документација.

По ова Државната изборна комисија ги потврдила листите од политичката партија Единствена Македонија и ги објавила во дневниот печат и во Службен весник, на што партијата не приговорила“, велат од обвинителството и појаснуваат дека по завршуваето на предвремените парламентарни избори и по објавата на првичните резултати, партијата повела постапка пред ДИК за заштита на своето избирачко право, согласно член 148 од Изборниот закон, а бил оспорен и називот под кој била евидентирана на гласачкото ливче.

Државната изборна комисија го разгледала и донела решение со кое го одбила приговорот како неоснован, со образложение дека називот на листата е определен согласно закон, односно според називот на подносителот на листата. И Управиот суд, но со пресуда, ја одбил тужбата на Единствена Македонија како неоснована, наведувајжи ги истите аргументи со кои настапила и ДИК.

Имајќи го в пеедвид изнесеното јавниот обвинител констатирал во дејствијата на пријавените не се содржани битни обележја на предметните кривични дела, ниту на други дела кои се гонат по службена должност. Имено, во одредбите на Изборниот закон стои дека подносител на листа на кандидати за пратеници се регистрираните политички партии самостојно или нивни коалиции регистрирани во ДИК, при што коалиција е здружување врз основа на договор на две или повеќе регистрирани политички партии за заедничко настапување за време на одржување на изборите.
Од документацијата на Единствена Македонија може да се заклучи дека таа на изборите учествувала самостојно.

За ОЈО Скопје неоснован е наводот дека пријавените ги довеле во заблуда гласачите и дека ги оневозможиле гласачите да ги изберат кандидатите на Единствена Македонија, бидејќи уште пред одржувањето на изборите јавноста била запознаена со називите на сите подносители на листите и нивниот редослед на гласачкото ливче.

Од обвинителството и појаснување дека доколку поднесителот на кривичната пријава е незадоволен од веќе донесената јавно-обвинителска одлука може, во законски рок од осум дена, да вложи жалба до Вишото јавно обвинителство.​

( Фото: МИА)

Спонзорирано