„Таргет- Тврдина“: Сведоци говореа за уништување на опремата на УБК

1277

Двајца вработени во фирмата „Еко циркон“ денеска сведочеа за уништувањето на опремата за прислушување, односно говореа во својство на очевидци во оредметот наречен „Тврдина -Таргет“.

И додека сведокот Даниел Магденовски, нре можеше точно да каже каков кој го донел и каков вид на електронски материјал бил уништуван, неговиот колега Орце Кимевски, кој работел на преса, посведочи дека кај нив дошле четири лица и камион во кој била натоварена опремата предвидена за уништување. Сведокот каже дека луѓето не ги познавал, но дека материјалот го ставил под преса и го иситнил на најситни делови, а потоа го вратил во камионот. Тој си спомнува дека на пресата ставал црни ленти и дека уништувањето било снимано од луѓето кои дошле како придружба на камионот.

Во свиојство на сведоик денеска се појави и лицето Александар Ќуиќ кој иако е вработен во МВР, поседува свој отпад. Тој кажа дека од колеги му било кажано дека треба да се уништува електронски отпад и дека доколку тој се нафати за сработеното ќе му биде платено. Уништувањето траело три дена, а се случувало во скопската приградска населба Даме Груев.

Според сведокот, материјалот предвиден за уништување бил донесен со комбиња и со едно камионче. По извршено „балирање“, односно третиот ден откако бил донесен материјалот било предвидено да оди и на преса. Тој посведочи дека се работело за компјутери, фотоапарати, магнетоскопи, телевизори и друго. За завршената равбота на Куиќ му било плетени 30 илјади денари.

Спонзорирано