На Верушевски му биле предадени само пет отсто од прислушуваните материјали во УБК

1057

Со сведочење на свиркачот Звонко Костовски во Кривичниот суд денеска продолжи рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО.

Во  овој предмет обвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешните шеф на УБК Сашо Мијалков, началник на Петтата управа Горан Грујовски, заменик-началник Никола Бошкоски, шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов и уште пет други лица од Управата.

Тие се товарат за незаконско следење на комуникациите во периодот од 2008 до 2015 година.

Костовски, на прашање на обвинителката Ленче Ристовска, рече дека нема точна информација за бројот на разговори што биле изнесени и снимени, но, според него, изнесени и предадени на Верушевски се околу пет проценти од вкупно нелегално прислушуваните разговори.

Во зграда кај Железничка станица наречена „парламентарка“, Костовски рече дека во посебни простории имало инсталиран компјутер, што било направено на барање на Горан Грујевски, за нивни логистичар да може полесно да презема материјали, односно да не се движи постојано до УБК и назад до зградата, како и да не се создаваат сомнежи кај станарите.

Спонзорирано