Петмина судии посочени како подобни за претходната власт во Извештајот на Стејт департментот

2028

Во извештајот на Стејт департментот на САД за човековите права за 2018 година, меѓу другото, е посочен специјалниот извештај на СЈО за четворицата судии што дозволиле политиката директно да се вмеша во судството. Во извештајот се најдоа имињата на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, поранешната членка на Судскиот совет, Александра Зафировска, судијката Сафије Лаличиќ од Кривичниот суд, Светлана Костова од Вишиот управен суд, како и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, јави Макфакс.

Во извештајот на Стејт департментот се цитираат делови од извештајот за овие судии што го поднесе СЈО и пишува: „На 14 септември канцеларијата на специјалниот обвинител поднесе посебен извештај за судиите од незаконските прислушувања во 2008-2015 година“, а се посочува и извештајот за електронската распределба на предмети според АКМИС-системот додека до Кривичниот суд раководеше судијата Владимир Панчевски.

Во извештајот е наведено дека помеѓу 2011 и 2015 година четворица судии биле инволвирани во „флагрантно кршење на интегритетот, независноста, стручноста и злоупотреби“.
„Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, споделувал клучни информации за активни случаи со политичарите и функционери за судењето.

„Поранешната претседателка на Судскиот совет, Александра Зафировска, се консултирала со високи владини претставници за избор на политички лојални или подобни судии дека кривичната судијка, Софија Лаличиќ, ги следела наредбите на УБК и сериозно го прекршила етичкиот кодекс на судиите, а управната судијка, Светлана Костова, истовремено работела и како судија и била вработена во УБК“, пишува во извештајот.

Спонзорирано