Обвинителствто со жалба по пресудата за сообраќајката кај Млечен ресторан

912

Скопското јавно обвинителство вложи жалба на првостепената пресуда на скопска „единица“ со која се изрекува условна осуда за сообраќајната несреќа која се случи кај Млечниот ресторан во Скопје, а во која едно лице го загуби животот.
„Обвинителството ја вложи жалбата незадоволно од одлуката за кривичната санкција. Притоа надлежниот јавен обвинител оцени дека при одредувањето на санкцијата, првостепениот суд ставил акцент на олеснителните наспроти отежителните околности, што казната основно и објективно ја прави блага и неадекватна во конкретниот случај“, велат од обвинителството и потсетуваат дека нс обвинетиот за тешки дела против безбеедноста на луѓето и имотот беше изречена казна затвор од 2 години, која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Спонзорирано