ПРВО ПО ПРОПИС, А ПОТОА – ПОПИС!

2424

Вистинското прашање не е: Кога ќе се реализира пописот во државава, туку зошто тој не се реализира уште во 2011 година, а кога веќе не се одржа зошто тие што го спречија не понесоа одговорност?

 

Љубиша Станковиќ

Изминативе десетина дена на социјалните мрежи прочитав најмалку пет статуси на граѓани кои го поставуваат прашањето за одржување на попис.

За мене не е битен мотивот, односно потребата на поединци да бараат да се изработи оваа сложена операција, но прашањето за одржување на попис е многу легитимно, ако се знае дека оследениот попис е одржан пред цели 18 години.

Да бидам искрен и мене ме интересира дали и кога ќе биде одржан попис, но повеќе би сакал да говорам за тоа зошто не се одржал попис.

Оние кои паметат малку подолго знаат дека првиот проблем со неодржување на попис се случи во 2001 година, но со оглед на приликите, одржување на попис, во едно такво, воено време е чисто лудило, но за пописот за кој сега сите нешто се засегнати, а кој не се одржа, немаше некакви осебни проблеми, се рабира ако се исклучи политиката.

И сега, наместо да прашам: кога ќе има попис, јас ќе поставам прашање: Зошто никој не е казнет поради нереализиран попис и тоа после два обида?

За сите оние кои и сега инсистираат на попис ќе потсетам тој требаше да се реализира во април 2011 година, но беше одложен, бидејќи за почетокот на јуни беа закажани парламентараните избори. Не дека, ако немаше избори ќе имаше попис, бидејќи одма се појави проблем со бројот, односно со застапеноста на попишувачите од заедниците, гледано низ призма на вкупниот број на попишувачи.

Еден мој пријател, тогаш, на шега, рече дека проблемот со бројот на попишувачи ќе бил решен, само ако имавме направено попис!
Да не е вистина ќе беше смешно, вака…

Вториот, исто така неуспешен обид за одржување на попис се случи во октомври, истата 2011 година. И се беше во знакот на пописот кој тебаше да се спроведе: попишувачи, кампањи, реклами и….на еден ден пред неговиот старт претседателката на Комисијата, Весна Јаневска, си поднесе оставка. Жената како причина за оставката наведе дека се подготвувал пописен фалсификат?!

Со Јаневска замина и нејзиниот заменик, Абдулменаф Беџети, кој, пак, кажа дека причините за заминувањето се „отворените прашања од технички, оперативен, просторен и временски карактер“.

Во ситуација кога нема кој да го води пописот тогашната власт одлучи да не се предава и си ја започна работата. Во тие десет дена, колку што траеше она што требаше да наликува на попис, главниот проблем беше што не се знаеше кој треба, а кој не треба да биде попишан. И токму поради овој сериозен проблем се донесе одлука пописот да биде прекинат.

Некои од попишувачите, повеќе на шега, знаеа да кажат дека доколку пописот се одржеше до крај во Македонија ќе имало најмалку 10 милиони жители, а бројката на жители од албанско етничко потекло ќе варираше меѓу 16 и 26 отсто, се разбира во зависност од тоа кој ќе ја „сервира“.

И после ова пак ќе кажам: да не беше вистина ќе беше смешно!
Како причина за запирање на пописот, официјално, беше кажано дека дошло поради „различната примена на методологијата“, а сегашниот вице-премиер, Артан Груби, ќе потврди дека целата операција е исполитизирана.

Попис не се одржа! Никому – ништо! Само СДСМ, која во тоа време беше во опозицијата, побара владата на Груевски да преземе одговорност за неодржаниот попис и за потрошените 14 милиони евра.

Се разбира дека никој од Владата, предводена од Никола Груевски не се испотресе од ваквото барање на СДСМ. Пари и претходно се трошеа за секакви глупости, така што 14 милиони евра – та биле, та не биле!

Целата оваа работа, поврзана со неодржаниот попис од 2011 година, доби малку поинаков тек кога кон крајот на март 2018 година Специјакното јавно обвинителство обзнани нова кривична истрага која, глеј, за чудо, носи кодно име. „Попис“.

СЈО ги обвини Никола Груевски и Али Ахмети, како лидери на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, дека меѓу 10 и 12. октомоври 2011 година, постигнале договор за заприрање на сите актвности поврзани со пописот, а за фијаското, според договорот, тие ќе ја обвинат пописната комисија.

Овие двајца ќе му предложат на Собранието да донесе закон со кој ќе престане важноста на Законот за попис, а што ќе се случило три дена подоцна, односно на 15. октомври 20011 година. Значи, кај што нема попис, уште и неуспехот е закнски покриен! Остана само штетата која според СЈО изнесува 175.120.909 денари или нешто над 2,5 милиони евра.

Обвинувањата, во името на СЈО, ги изнесе обвинителката Фатиме Фетаи и таа се уште е тука и опстојува во својата професија. Проблем е Никола Груевски кој побегна од државата, но и Али Ахмети кој сега, како свој приоритет го има обвинителството и судот во Хаг.

Закони има, прописи исто така! А кога ќе дојде време некој да одговара, тогаш освен потрошените пари ќе дојде и правдата, а со неа и новиот попис.

Кога ќе биде тоа? Е тоа веќе зависи од некои други!

Спонзорирано