ВИЛМА РУСКОВСКА ПАРИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГИ ДОНИРА ВО СОС ДЕТСКО СЕЛО

    372

    Доколку на суд се докаже клеветата која преку предизборен спот ја изрече ВМРО-ДПМНЕ обвинителката Вилма Русковска планира штетата, предложена во износ од 10.000 евра, планира да ја пренамени кон штитениците на СОС Детско село.

    Иако судењето треба да се одржи на 23. овој месец, сепак, извесно е дека обвинителката ќе го добие овој судски спор, бидејќи тужбата е поднесена поради видео спот насловен како „Криминална приказна“, а во кој се гледа како мајка, за да го заспие своето дете, му чита приказна во која се споменува и името на Вилма Русковска.

    Русковска уште во време на одржување на политичката кампања побара повлекување на спотот и нејзиното име да не биде доведувано во контекс на политики и на политички партии. Русковска побара ВМРО -ДПМНЕ да се извини, но како и тоа не беше направено, таа поднесе приватна тужба.

    Спонзорирано